Могилата на непобедените и оваа година е подготвена за дочек на камперите за време на Пиво фест (Фото галерија)

Секоја година Могилата на непобедените изобилува со многу љубители кои сакаат авантуристички начин на одмор и добра забава, а утрото им почнува со вкусна џорба, утринско кафе и чај. Така ќе биде и за 15-тото издание на „Пиво фест 2017“.

„И оваа година како и останатите сите љубители на авантуристичкиот начин на одмор, ќе имаат можност да кампуваат на Могилата на непобедените. Се обезбедуваат сите услови за добар, хигиенски и пријатен престој за сите кои ќе не посетат за пиво фест, а ќе кампуваат на Могила“, посочи Александар Јованоски дел од организациониот тим на манифестацјата „Пиво фест“.

Фестивалот на пивото оваа година ќе се оддржи од 13 до 16 јули, по 15-ти јубилеен пат.  Фестивалот кој стана еден од најголемите македонски брендови и вистински спектакл и годинава ќе понуди богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.