среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Мохамед Али доби улица во Њујорк

мохамед али

Последни вести

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио објави дека дел од „33-та улица“ на Менхетен, што се наоѓа недалеку од спортскиот комплекс „Медисон Сквер Гарден“, е преименуван во „Мохамед Али“, во чест на славниот боксер, кој почина во петокот на 74-годишна возраст.

Ваквата одлука, која засега е привремена, Бласио ја образложи со фактот дека Али осум пати се борел во рингот на „Медисон Сквер Гарден“, но и со желба да му се оддаде признание на неговиот активизам.

Во „најславата сала во светот“ на 8 март 1971 година се оддржа „борбата на векот“ меѓу Џо Фрејзер и Мохамед Али, кој го доживеа својот прв пораз во професионалната кариера по 31 победа во низа.

Ова преименување на улицата е привремено, а за да биде конечно, мора да го потврди и Градското собрание.

– Разбирливо е дека Њујорк како главен град на светот, мора да му оддаде почит на Мохамед Али, кој беше вистински светски шампион, рече Бласио.

Мохамед Али ќе биде погребен в петокот во неговиот роден град Луисвил во американската сојузна држава Кентаки.

Најчитани вести