Мохамед Али повторно во болница

Легендарниот американски боксер, Мохамед Али е префрлен в болница, откако семејството не успеало да го разбуди цели 24 часа.

Али (74) закрепнува во неговата куќа во Скотсдајл во Аризона, откако пред седум дена беше пуштен од болница, каде се лекуваше од уринарна инфекција.

Али во моментов е сместен на интензивна нега.

Последните информации говорат дека Мохамед Али се одмара и дека е подложен на испитувања. Неговиот портпарол само кусо изјави дека му е продолжена терапијата поради уринарната инфекција.