Мохамед Морси осуден на смртна казна

Суд во Египет го осуди денеска поранешниот египетски претседател Мохамед Морси и повеќе од 100 обвинети на смртна казна поради бегство од затвор за време на бунт во 2011 година, пренесува МИА.

Морси веќе издржува казна од 20 години поради поттикнување насилства над демонстранти.

Судијата според египетски обичај за најстрога казна пресудата ја упатил до главниот муфтија кој треба да се произнесе и чие мислење е необврзувачко.

На судењето Морси и 130 други меѓу кои десетици од палестински Хамас и либански Хезболах, обвинети се за бегство од затвор и напади врз полицијата за време на бунтот во 2011 година против тогашниот претседател Хосни Мубарак. Во затвор се 27 обвинети меѓу кои и Морси, додека на останатите им беше судено во отсуство.