Мојата ќерка не загина, таа се самоуби!

Младата пејачка и учесничка во емисијата „Ѕвезда можеш бити ти“ од БиХ, Амила Хасановиќ, загина кога нејзиниот автомобил се превртел во реката Босна.

Нејзиниот татко Алија Хасановиќ тврди дека ова не било несреќа, туку Амила се самоубила. Како што изјавил за еден босански весник, момчето на неговата ќерка бил љубоморен и во текот на една од нивните караници му се заканила дека ќе се убие. На денот на нејзината смрт добил паничен повик од момчето на својата ќерка.

amila1

– Елман ме побара во понеделникот и ми кажа „Ало, Амила сака да се убие“. Потоа дојде кај нас дома, плачеше и велеше дека ја сака, ми спомнуваше и некои фотографии. Ми рече дека Амила по телефон му рекла дека ќе се убие и дека оставила отворена линија за тој се да слушне. Околу 13:30 часот дознавме дека автомобилот Поло се превртело во реката Босна. Сакам да се знае дека оние траги од гумите не се од кочење туку од шлајфување. Мојата Амила се уби, рекол очајниот татко на русокосата пејачка.

Амила го запознала своето момче, младиот камерман Елман Омиќ во една прилика кога учествувала во емисија.

– Го прифатив како свое дете. Тој е фотограф, камерман и прави музички спотови. На Аила и сними две песни, а јас како моја ќерка ја финансирав. После тие две песни и кажав малку да почека за својата следната поради финансии, рече „Нема проблем тато“, рекол Алија низ солзи.