Мојес има голема главоболка поради повредата на Руни

Освен таа поради неочекуваниот пораз во дуелот со екипата на Тотенхем, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес има додатна главоболка поради новата повреда која ја заработи брзоногиот напаѓач, Вејн Руни.

Наследникот на сер Алекс Фергусон потврди дека Руни ја обнови преходната повреда и дека нема да биде во комбинација за следните првенствени натпревари.

“Повторно го истегна мислулот. Нема да сокријам дека сакав Руни да ги осигра сите 90 минути, но за жал, ја обнови претходната повреда. Морав да ризикувам, моравме да нападнеме со што е можно повеќе напаЃачи, сакавме да постигнеме уште еден погодок. Ако можев, сигурно дека ќе го одморев Руни, но немав време за такво нешто, фудбалерите наметнаа пеколно темпо. Поради претходната повреда, Руни пропушти неколку првенствени натпревари, а мислам дека и поради новата, Руни нема да биде во комбинација за следните првенствени натпревари”, изјави Мојес.