Мојес: Јунајтед не може да купи ниту еден фудбалер

Прво остана во шок поради неочекуваната елиминација од англискиот ФА Куп, а по натпреварот со Свонси, најверните фанови на Манчестер Јунајтед останаа без текст отако ја слушнаа изјавата на менаџерот, Дејвид Мојес кој откри дека „црвените ѓаволи” не можат да купат ниту еден фудбалер за време на зимскиот преоден рок.

„Јас изјавив дека ќе пробам да купам, но тешко дека ќе ангажираме нов фудбалер за време на зимскиот преоден рок. Точно дека имаме потреба од нови засилувања, но дали истите се достапни во јануари? Мислам дека тие фудбалери нема да бидат достапни за време на зимскиот преоден рок. Тоа не значи дека ние не сакаме да ги купиме, тоа значи дека истите не се за продавање”, изјави Мојес.