Мојс ќе добие клоца на крајот од актуелната сезона

Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед потврди дека клупските челници се почесто ја разгледуваат и опцијата за прекин на соработката со актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи”, Дејвид Мојс.

Се’ поголем и поголем е бројот на тие кои се дел од клупското раководство кои вината за очајната сезона ја лоцираат во наследникот на легендарниот сер Алекс Фергусон и истите се убедени дека Јунајтед ќе продолжи со очајната серија доколку и во новата сезона во менаџерската фотеља седи поранешниот предводник на Евертон.

„Отказот е моментално најреална опција. Мојс ги потроши сите можни кредити. Потроши повеќе од 60 мил. фунти за две засилувања кои играат под очекуваното ниво. Го засили и така доволно квалитетниот среден ред, а одбраната и понатаму е најслабата алка во тимот на Манчестер Јунајтед. Инсистираше Руни да добие рекордна неделна заработувачка, а побара и голем буџет кој ќе биде искористен за време на летниот преоден рок. Семејството Глејзер ја разгледува и опцијата за прекин на соработката, но прво ќе биде побаран наследник”, изјави анонимниот извор.