Мојес не може да смета на Фелаини во следните шест недели

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, откри дека менаџерот на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес во следните шест недели нема да може да смета на услугите на белгискиот интернационалец, Мароуане Фелаини.

“Во последните неколку недели Фелаини се жалеше на силни болки во грбот. Клупскиот доктор донесе одлука дека дојде вистинскиот момент за операција за повредениот зглоб. За време на рехабилитацијата, Фелаини ќе ја елиминира и болката која ја чуствува во грбот. Раководните лица не сакаа ни да слушнат за некаква операција на повредениот зглоб, сакаа истата да биде направена за време на летната пауза, но Фелаини сакаше тој проблем да биде решен пред стартот на Мундијалот во Бразил. Челниците на Јунајтед се убедени дека сега е вистинскиот момент за овој оперативен зафат, а за 10 дена Мојес на располагање ќе ги има услугите на Мајкл Карик”, изјави анонимиот извор.