Мојес очекува 20 погодоци од Дани Велбек

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес е убеден дека брзоногиот напаѓач, Дани Велбек, може да постигне 20 погодоци во актуелната сезона од англиската Премиер лига.

“Пред почетокот на сезоната имавме разговор со Велбек и за време на истиот му откривме дека годинава ќе работиме на неговиот финиш. Ние сме убедени дека Дани може да биде уште подобар, дека има место за напредок. Во минатата сезона постигна само два погодока, а годинава има веќе постигнато седум погодоци. Јас сум убеден дека може да постигне и 20 погодоци во актуелната сезона. Имаме потреба од Дани, мора да помогне, особено сега, кога го немаме Руни и Ван Перси”, изјави Мојес.