Мојес откри дека има ултиматум од Вејн Руни

Новиот менаџер на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес ја откри единствената причина поради која брзоногиот напаѓач, Вејн Руни, се уште го нема потпишано новиот договор кој би имал важност до 2018 година.
Наследникот на сер Алекс Фергусон откри дека е во игра и опцијата Руни да си замине од “Олд Трафорд” на крајот од актуелната сезона доколку “црвените ѓаволи” не успеат во намерата да обезбедат пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
“Можно е Руни да си замине од “Олд Трафорд” доколку Манчестер не заврши во топ-четири. Сепак, ќе мора да почекаме, да видиме дали ќе се најдеме во една таква ситуација или и во следната сезона ќе бидеме дел од Лигата на шампиони”, изјави Мојес.
Вејн Руни во изминатите седум месеци важи за најголема желба на контроверзниот менаџер на Чезли, Жозе Мурињо, но таквата желба може да стане реалност и доколку официјална понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. фунти.