Спорт

Мојес сака со 100 мил. фунти да го купи пола Порто

Мојес сака со 100 мил. фунти да го купи пола Порто

Новиот менаџер на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, сака во новата клупска сезона да располага со услугите на неколку фудбалери кои моментално го носат дресот на актуелниот шампион на Португалија, Порто.

Од поодамна се знае дека челниците на Манчестер Јунајтед на стартот од летниот преоден рок ќе испаратат официјална понуда за францускиот интернационалец Елиакуим Мангала кој е проценет на 38 мил. фунти и понуда за бразилскиот интернационалец Фернандо Франциско Регес кој е проценет на 15 мил. фунти.

Освен за овие двајца, наследниот на сер Алекс Фергусон побарал од клупските челници да испратат понуда и до бразилските интернационалци кои играат на левата и десната бековска позиција, Данило и Алекс Сандро.

Мојес е убеден дека се потребни околу 100 мил. фунти за да се осигураат услугите на сите четри фудбалери кои моментално го носат дресот на португалскиот гигант Порто.