Спорт

Мојс се однесува како да е паднат од Марс

Мојс се однесува како да е паднат од Марс

Дека се однесува како да е „паднат од Марс”, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес покажа и докажа и со изјавата која ја даде по срамниот пораз од Ливерпул, дека не му е јасно зошто неговите фудбалери одиграле толку лошо иако биле максимално мотивирани пред стартот на неделниот дерби натпревар на „Олд Трафорд”.

„Не очекував ваков натпревар, не очекував ваква игра. Имав впечаток дека моите фудбалери се во совршена состојба, дека се во добра форма, дека се подготвени за овој предизвик. За жал не одигравме како што треба, не бевме доволно добри, а со ваква игра не може да се победи тимот на Ливерпул. Во изминатата недела прметив дека моите фудбалери се доволно мотивирани, не забележав никаков проблем, сите работеа со полна пареа. Немавме добар старт, но бев убеден дека ќе влезиме во потребниот ритам, но се беше уништено после вториот пенал за Ливерпул. Гостинот одигра како што треба, а ние не. Мора да ја подобриме нашата игра, мора да ги елиминираме сите недостатоци”, изјави Мојес.