Мојес се предомисли, нов договор за Видиќ

Новиот менаџер на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес во последен момент се има предомислено и има донесено одлука дека клупските челници мораат под итно да му понудат нов договор на српскиот интернационалец, Немања Видиќ.

Во изминатите неколку недели, најзвучна информација која пристигнуваше од „Олд Трафорд” беше таа дека централниот дефанзивец нема да потпише нов договор со „црвените ѓаволи” и дека ќе си замине од Манчестер на крајот од актуелната сезона како слободен фудбалер.

Англиските медиуми потврдија дека на српскиот интернационалец ќе му биде понуден нов двегодишен договор и годишна плата од три милиони фунти што е за неколку милиони фунти помала од таа што ја заработуваше во изминатите четири сезони.

Голем удел во новиот став на Мојес имаат и информациите дека Видиќ важи за голема желба на сите поголеми клубови во Италија, Милан, Јувентус и Наполи, а за неговите услуги сериозно се заинтересирани се и челниците на каталонскиот гигант Барселона.