Спорт

Мојес убеден дека Руни ќе биде клупска легенда

Мојес убеден дека Руни ќе биде клупска легенда

Не само што нема да го продаде додека седи во менаџерската фотеља, новиот предводник на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес е убеден дека брзоногиот напаѓач, Вејн Руни својата кариера ќе ја заврши како клупска легенда на “црвените ѓаволи”.

„Вејн израсна во тимски играч. Редовно асистира, се запишува во листата на стрелци и нормално дека им помага на дефанзивците. Игра фатастично. Сака да биде лидер, сака да биде заштитен знак на Манчестер Јунајтед. Сака да каже дека Јунајтед може да игра уште подобро, дека мора секој да го даде максимумот, дека има место за напредок. Јас тоа го забележувам во клупската соблекувална. Го гледам тоа на секој тренинг, на секој натпревар. Вејн има се тоа што е потребно за да биде комплетен фудбалер и убеден сум дека својата кариера ќе ја заврши како клупска легенда на Манчестер Јунајтед”, изјави Мојес.