Спорт

Мојес во живо ги мерка Крос и Данте

Мојес во живо ги мерка Крос и Данте

Првенствената пресметка од 18. коло во германската Бундес лига помеѓу екипите на Борусија од Менхенгладбах и Баерн (М) во живо ја следеше и менаџерот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес.

Наследникот на сер Алекс Фергусон е во потрага по нов играч за врска и по нов дефанзивец, а во неговиот список со потенцијални засилувања кои би требало да се преселат на “Олд Трафорд” за време на зимскиот преоден рок можат да се прочитат и имињата на стандардните првотимци во дресот на Баерн (М), Тони Крос и Данте.

Тешко е за вреување дека Баерн (М) ќе прифати продажба на репрезентативците на Германија и Бразил, но англиските медиуми се убедени дека челниците на Манчестер Јунајтед се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за услугите на Крос и Данте.