Мојс е човекот за спас на Реал Сосиедад

Клубот од Баскија на својот официјален сајт ја потврди информацијата дека поранешниот тренер на Евертон и Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс е наследникот на Арасате, кој по поразот од Малага пред две кола доби отказ од клубот. Според соопштението, Мојс потпишал договор до 30 јуни 2016 година.

Своето деби на клупата на Сосиедад ќе го има на 22 ноември на мечот против Депортиво Ла Коруња, веднаш по паузата поради натпреварите од квалификациите за ЕП 2016.

По 11 кола тимот на Реал Сосиедад има освоено само 9 бода и се наоѓа на ниското за нив 15 место на табелата. Сепак надеж за тимот сеуште постои, особено што двете победи кои ги забележаа Баскијците се против Реал и Атлетико Мадрид.