Мојс официјално промовиран за менаџер на Вест Хем

Англискиот фудбалски премиерлигаш Вест Хем вп вторникот официјало го именуваше Дејвид Мојс за нов менаџер на клубот, кој доаѓа на местото на отпуштениот поранешне хрватски селектор Славен Билиќ.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Евертон и Сандерленд потпиша две ипол-годишен договор со Вест Хем.

Се очекува уште попладне тимот да тренира под раководство на 54-годишниот шкотски фудбалски стручњак. Мојс го очекува тежок предизвик, да го извади клубот од тешката резултатска криза.

По 11 кола рудни во Премиер лигата „чеканите“ се наоѓаат во зоната на испаѓање. Со само две победи и три нерешени средби, односно девет бода Вест Хем е на 18-то место кое води во понизок ранг на натпреварување, далеку од амбициите што ги негуваше пред почетокот на шампионатот.