среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Мојсо и Миркуловски – МАКЕДОНИЈА ОД СРЦЕ ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА!

Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски го одиграа псоледниот меч во црвениот дресот со македонските национални бои, но Македонија никогаш нема да ги заборави.

mirkulovski-srce-na teren

Поврзани вести

Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски го одиграа псоледниот меч во црвениот дресот со македонските национални бои, но Македонија никогаш нема да ги заборави.

Последниот меч во националниот дрес го завршија со победа и придонесоа за пласман на Мундијалот во Франција, со што Мојсо и Жути достојно се простија од националните бои кои беспоштедно ги бранеа години наназад.

Совршената вечер за нашите ракометари започна тому со погодок на Филип Миркуловски кој прв стрелаше во чешката мрежа, додека заврши со победоносниот гол на Наумче Мојсоски, кој ја уништи секоја неизвесност и ја однесе Македонија на Светско првенство по тешкиот пораз пред неколку дена во Жлин.

Пред почетокот на средбата двајцата искусни бекови беа бурно поздравени од гледачите, воедно и добија пригодни подароци што им беа врачени од страна на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Двајцата знаеја како да возвратат на теренот и беа предводници до големиот триумф на кој вечерва се радува цела Македонија.

Миркуловски со вечерашните шест погодоци, стигна до бројката од над 300 гола во националниот дрес, чии бои ги бранеше од 2003-та година, па се до денеска, 13 години во кои одигра 120 натпревари. Наумче Мојсоски постигна 3 погодоци, (меѓу кои и последниот) и во речиси 20 годишната кариера во која го носи дресот на Македонија постигна 170 погодоци.

Македонија со гордост ќе се сеќава на двајцата херои, кои не ретко покрај срцето и својата крв ја оставаа на паркетот за Македонија. Благодарение на нив и нивната генерација, Македонија се пласираше на пет светски шампионати и четири европски првенства, а играше и во квалификации за пласман на Олимпијадата во Рио, кои за жал завршија неуспешно.

mirkul-640x474

Мило ми е  што среќно се заврши оваа приказна. Планиравме да ја завршиме во Рио, но тоа не се оствари и можеби ќе остане како црна дамка на овааа репрезентација. Тогаш желбата беше голема, можеби и преголема, но сега колку толку се искупивме со пласманот на СП. Секоја чест за колегите кои ни овозможија со пласман на СП да се збогуваме со репрезентацијата. Јас и Мојсо сме пример за помладите и ја задолживме оваа репрезентација. Сакаме младите да го продолжат нашиот пат , да не се штедат за Македонија и за овој дрес. Им благодарам на сите за поддршката. Сакаме младите генерации да го продолжат нашиот пат и да не се штедат за репрезентативните бои. Ние кога започнувавме, успех беше да се игра бараж, а не големо натпреварување, им оставаме на следните генерации високи стандарди им се заблагодарувам на Федерација кој ни пружи услови какво што секоја репрезентација може да се посака. Имаат човек на селекторската функција кој знае да работи со млади играчи и се надевам дека ќе го продолжи тој успех. Тешко ми е да заминам од репрезентацијата, но мојот стил на игра не ми дозволува толку лесно да се опоравам после вака тешки натпревари, а сепак треба да го зачувам и тоа малку здравје што ми остана – изјави Миркуловски по мечот.

mojso

Не се сомневавме дека ќе биде преполна салата. Не следеше малер кој траеше подолго, година и нешто и мислам дека поголем дел од тоа проклетство, таа црна дамка е покриена со овој пласман на СП. Оваа репрезентација заслужува уште многу успеси и уште поголеми успеси. Следуваат генерации кои доаѓаат по нас, кои заслужуваат да играат. Истото ѝ се случи и на мојата генерација, пред 18 години кога првпат настапив за репрезентацијата. Бевме едни млади дечки, неискусни кои се боревме за тој континуитет, квалификации, претквалификации, па тој бараж кој ни успеа дури во 2008 против Исланд и трае до ден денес. Се надевам дека овие дечки кои доаѓаат по нас ќе го оправдаат овој континуитет. Мислам дека со Миркуловски дадовме доста за оваа нација, мислам дека поваќе се радувавме одошто тажевме. Ова е мала држава која е во лоши периоди и мислам дека ракометот вечерва ѝ даде една насмевка која се надевам дека ќе трае. Фала ви за сѐ во сите овие години и можам да кажам дека овој спорт заслужува уште радости, изјави искусниот бек.

Да биде задоволството поголемо, токму Мојсоски го постигна победоносниот гол кој ја одведе Македонија на Мундијалот.

Знаев дека ќе влезе, не бев скептик, видов и дека уште имаме време, малку почекав за секој случај и мислам дека по толку години и толку натпревари, сите на работ, овој пат немав проблеми. Еднаш и наш нѐ посака, додаде Мојсо.

Мојсоски и Миркуловски беа дел од сите успеси и во младинските категории и во сениорскиот тим и едни од оние кои најмногу го задолжија нашиот национален тим.

Најчитани вести