Мојсоски: БиХ е првата шанса Македонија да дојде до осминафинале

Македонија повторно може да смета на Наумче Мојсовски, еден од најважните ракометари во оваа генерација на македонската репрезентација.

Тој во текот на 2014-та година имаше тешка повреда, а поради долгата рехабилитација го пропушти ЕП во 2014-та во Данска. Сепак, стартот на Мундијалот во Катар потврди дека Наумче е оној стариот кој пронаоѓа дупки во одбраната на противникот, каде останатите не ги гледаат.

Мечот со БиХ е првата шанса Македонија да дојде до осминафинале, а за таа цел ќе биде потребен многу посериозен пристап за разлика од оној против Иран.

-Примивме 31 гол, што секако не смее да се повтори, посебно во ситуација во која од контранапади ни даваат голови. Доколку сакаме голем резултати, таквите ситуации мораме да ги спречиме, вели Мојсовски кој за мечот со БиХ додава:

-Не очекувам бркотница по теренот, туку класичен меч типичен за наш балкански менталитет. Ќе настапиме со отворен гард, па кој е подобар и посреќен нека победи, вели популарниот Мојсо.

Целта на Македонија на овој Мундијал е четвртфинале и пласман на една од позициите кои водат до Олимписките игри. Македонија вечерва во 17:00 часот по наше време игра против БиХ, а со евентуална победа ќе биде обезбеден пласманот во осминафиналето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.