Мојсоски, Димовски и браќата Маркоски го напуштија Металург

Весникот „Македонски Спорт“ објави дека Металург одлучи да им даде исписница на четворица македонски репрезентативци.

Повикувајќи се на свои извори „Македонски Спорт“ објави дека на состанокот со Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски и браќата Никола и Велко Маркоски, раководството на Металург одлучило да им даде исписници.

Тоа значи дека овие ракометари од денеска се слободни играчи и може да бараат нов клуб.