Спорт

Мојсоски ќе биде опериран во Виена, дефинитивно го пропушта ЕП

Мојсоски ќе биде опериран во Виена, дефинитивно го пропушта ЕП
Пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов на раце го изнесе Мојсоски од паркетот

Средниот бек на Металург Наум Мојсовски ќе биде надвор од терените идните шест месеци. Тоа е дефинитиниот епилог по вчерашната тешка повреда, здобиена на натпреварот против Вардар, во рамките на Регионалната лига. Медицинските прегледи покажа дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, како и скинат колатерален страничен менискус.

“ Мојсовски ќе биде надвор од терените во следните шест месеци. Оваа повреда дојде во најлош момент, токму кога ние во РФМ и самиот Мојсоски силите ги насочивме кон претстојното ЕП во Данска, а в сабота требаше да почнат и репрезентативните подготвки. Ова секако го погоди и Металург, кој го очекува продолжнието од Лигата на шампионите. Познато е дека токму Мојсовски е еден од главните мотиватори и во репрезентацијата. Во РФМ веднаш се екипиравме, остварен е контакт со Виена, каде тој ќе биде опериран, а ќе замине за два до три дена. Како што е познато, во Виена беа оперирани и Ванчо Димовски и Филип Миркуловски. Во секој случај во РФМ многу сме потиштени од овој непријатен случај, кој навистина најмалку ни беше потребен сега и тоа во натпревар, кој можеше да биде одигран и по ЕП во Данска. Штета, многу сме разочарани и јас и селекторот Ивица Обрван“, изјави докторот на македонската репрезентација, д-р. Никола Панчевски