Мојсоски: Очекувам брзо да се опоравам и ќе се вратам посилен од кога било

Централниот бек на македонската ракометна репрезентација и вицешампионот Металург, Наумче Мојсоски ќе го пропушти Европското првенство во Данска, поради повреда на коленото. Тој се повреди на дербито со Вардар во СЕХА лига и веднаш беше опериран во Виена ( Австрија).

„Операцијата мина во најдобар ред, а задововелн од добро завршената работа на д-р Шенк беше и Мојсоски. “Голема благодарност до медицинскиот тим и д-р Шенк за одлично изведениот оперативен зафат. Докторот ме извести дека операцијата минала во најдобар ред, а и јас се чувствувам одлично. Синоќа ме оперираа, а веќе денеска почнав да се движам со помош на патерици и да работам основни физички вежби. Очекувам дека брзо ќе се опоравам и ќе се вратам посилен од кога и да било“, изјави Наумче Мојсовски за официјалната страница на Металург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.