Мојсоски се враќа на теренот

Со натпреварот против Татран Прешов, кој се игра во сабота во Скопје, Металург ја започнува новата сезона.

По неколку месечна пауза поради повреда, заработена токму во рамките од СЕХА лигата, на паркетот се враќа еден од најдобрите ракометари и капитен на тимот од Автокоманда, Наумче Мојсоски.

-Подготвен сум за настап. Во договор со тренерот Лино Червар го пропуштив турнирот во Струга и затоа едвај чекам утре да излезам на терен. Имаме квалитетен состав, со искусни и млади играчи, каде главна цел ќе ни биде успешно да ја минеме групата во Лигата на шампионите и да влеземе во елиминациските натпревари, изјави Мојсоски кој за мечот со Татран потенцираше дека нема да биде лесно, но додаде дека нивната желба е со победа да ја стартуваат новата сезона.

Мечот против Татран Прешов се игра утре вечер со почеток во 20:15 часот.