Спорт

Мојсовски избран во елитното друштво за шестото коло во Лигата на шампионите

Мојсовски избран во елитното друштво за шестото коло во Лигата на шампионите

Наумче Мојсовски конечно одигра онака како што бевме навикнати да го гледаме пред повредата, а веднаш како резултат на тоа дојде и победата на Металург.

Совладана беше Ла Риоха, а најзаслужен за тоа беше токму Мојсовски со дури 11 погодоци, вклучувајќи го и оној последниот на неколку секунди пред крајот, што всушност беше и победоносен.

Токму поради оваа симултанка, нашиот репрезентативец беше избран и во “тимот на шестото коло” во рамките на Лигата на шампионите.

Тој е избран на позицијата лев бев, а заедно со него во првите шест се и Кристијан Цајц од Веспрем, Микел Хансен од ПСЖ, Гудјон Сигурдсон од Барселона, Драган Гајиќ од Монпеље, Растко Стојковиќ од Брест и Хозе Мануел Сиера од Пик Сегед.