Мојсовски по стапките на Вугринец – потпишува за Лахвија

Наумче Мојсовски, еден од репрезентативците кои го напуштија Металург по крајот на Светското првенство во Катар, е на добар пат да се врати токму таму и да ја продолжи кариерата во Лахвија.

Доколку овој договор се оствари, тој ќе му се приклучи на Ренато Вугринец, кој веќе потпиша за тимот од Доха.

Иако имаше неколку понуди, Мојсовски на крај сепак се одлучи за катарскиот тим. За услугите на македонскиот репрезентативец беа заинтересирани и германскиот Гепинген, Целје од Словенија како и Ал Џезира и Ал Ахли, но понудата од Лахвија сепак била најконкретна и најприфатлива за македонскиот репрезентативец.