Спорт

МОК ќе ги финансира подготовките на алпските скијачи

МОК ќе ги финансира подготовките на алпските скијачи
МОК ќе ги финансира подготовките на алпските скијачи

На состанокот меѓу претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах беше договорено овие финансиски средства да бидат наменски искористени за остварување на заедничките олимписки планови и програми на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и за унапредување на резултатите на нашите најдобри алпски скијачи во претстојната натпреварувачка сезона.

Антонио Ристевски на ЗОИ “Сочи 2014” го освои 29-то место во слалом, што воедно е најдобар резултат во досегашните настапи на македонските спортисти на ЗОИ и воопшто во историјата на македонските зимски спортови.