МОК ќе отвори свој телевизиски канал

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) има сериозен план да отвори специјален телевизиски канал за сопствени потреби.

Каналот би започнал со работа во 2016 година, неколку месеци пред почетокот на Олимписките игри во Рио. Седиштето на телевизијата ќе биде во Мадрид, а ќе вработува околу 100 лица.

Директорот на телевизијата, Јанис Ексаркос нагласил дека во новиот канал ќе бидат вложени околу 600 милиони долари кои според планот треба да бидат вратени во наредните 10 години.

Овој телевизиски канал е клучениот дел од реформите кои ги планира првиот човек на МОК, Томас Бах како дел од “Олимписката агенда 2020”.

Отворањето на новиот телевизиски канал МОК го одобри на сосотанокот кој во декември минатат година се одржа во Монако.