МОК му оддава почит на Мандела – знамето на МОК на половина копје

Во знак на почит кон делото, визијата и наследството кое го остави  поранешниот претседател на Јужна Африка, Др. Нелсон Мандела, кој беше  херој на  човечноста, инспирација за целиот свет и голем пријател на Олимпиското движење и на спортот,  Македонскиот олимписки комитет, чувствувајќи ја големата тага и жал, денеска, ќе  ја почести неговата личност со тоа што ќе го спушти своето знаме на  половина копје.

Како  член на Олимпиското семејство,  Македонскиот  олимписки комитет го следи примерот на Меѓународниот  олимписки комитет и на денот кога Нелсон Мендела ќе биде положен во  неговото вечно живеалиште, денеска  ќе го спушти своето знаме на половина копје,  за да му оддаде достојна почит на големиот пријател на Олимпизмот.

На овој симболичен начин, Македонскиот олимписки комитет  ќе се солидаризира со целото Олимписко движење и ќе се присети на принципите  според кој  Нелсон Мандела го живееше својот живот, оддавајќи му голема чест на Олимпизмот и спортот како средство за рушење на сите бариери, било да се  политички, расни, етнички или религиозни.

На овој  начин, МОК сериозно се надева дека ова Олимписко наследство поврзано со визијата за Олимпизмот и спортот ќе продожат да  функционираат преку Олимписките вредности и добрите дела на целото човештвото.