Моќен напиток против акни

Доколку сакате чиста кожа треба да се негувате однадвор, но и одвнатре.

Во тоа ќе ви помогне напивката направена според рецептот на Абигејл Џенкинс, козметичарка која се грижи за кожата на многу славни дами.

Состојки:

– сок од половина лимон
– половина од помала краставица
– грст свеж спанаќ
– два помали листа кељ
– мала лажичка семки од коморач
– мала лажичка изрендан свеж ѓумбир
– едно јаболко или круша за засладување
– 2 дл вода
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, добро измешајте додека состојките не се соединат и потоа испијте.

Краставицата е богата со витамин А и калиум, ги смирува акните и ја „лади“ кожата.
Семките од коморач и ѓумбир – дејствуваат антивоспалително.
Лимонот го детоксифицира црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините кои предизвикуваат воспаленија на кожата.
Спанаќот и кељот се богати со хлорофил и антиоксиданти, ѝ помагаат на кожата да закрепне.