Моќен пијалак за спас на белите дробови кај пушачите

Дури и ако не сте пушач и водите сметка за вашето здравје, самото пасивно пушење, односно престојот во друштво на пушачи ќе остави видливи траги на вашите  бели дробови. Затоа прочистете  ги вашите дишни патишта со само три состојки што повеќето од нас ги имаат во кујната.

Комбинацијата од ѓумбир, кромид и куркума ќе ви даде моќен пијалак.

Ѓумбирот е со векови познат по тоа што помага да се ослободиме од прекумерната слуз во белите дробови. Кромидот има голема улога во спречување на разните  болести на дишните патишта, а куркумата, богата со витамини и минерали има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства.

Состојки:

  • 1 кг кромид
  • 1 литар вода
  • 400 грама шеќер или мед
  • 2 лажици куркума
  • 1 помал корен од ѓумбир

Подготовка:

Растворете го шеќерот или медот во вода, па оставете да проврие. Глави ците кромид исечете ги на четвртини, исечете го коренот од ѓумбир и се додадете во претходно зовриената  вода.

Кога ќе проврие мешавината, додадете куркума и намалете ја температурата.

Варете на тивок оган додека количината на водата не се намали за половина. Процедете го пијалакот и ставете го во стаклена тегла. Кога смесата ќе се олади, ставете ја во ладилник.

Секое утро на празен стомак земете по две лажици од овој еликсир, како и навечер два часа по оброкот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.