Спорт

Моќен Кире Лазаров, силна Барселона

Моќен Кире Лазаров, силна Барселона

Во големото дерби на петото коло од ЕХФ Лигата на шампионите, Барселона го совлада Фленсбург како гостин со 37:33 и му се реваншираше за поразот во полуфиналето на „Фајнл-форот“ одигран во јуни во Келн.

Овој натпревар беше дерби меч во вистинска смисла на зборот. За тоа најдобро зборува податокот дека резултатот на полувремето беше 16:16, а голманот на Барселона Шариќ по првиот дел имаше 13 одбрани, а на спротивната страна Андерсон забележа седум.

Љубителите на ракометот можеа да уживаат во врвните потези на Лазаров, Карабатиќ, Егерт и Гландорф.

Без преголемо тактичко надмудрување, со немоќни одбрани пред двата гола, од самиот почеток паѓаа голови од сите страни.

Македонскиот капитен Кире Лазаров беше најефикасен играч на Барселона со 10 погодоци, Карабатиќ имаше седум, додека на спротивната страна Гландорф запиша 11.

Барселона се уште е непоразена во новата сезона, а единствено КИФ Колдинг, со кого го делат првото место во групата, успеа да им откине бод во Копенхаген.