Моќта на љубовта: Топлата прегратка на родителите го оживеа ова бебе

Кејт и Дејвид Ог од Австралија биле скршени од болка кога дознале дека едното од нивните предвреме родени близначиња престанало да дише и дека има само неколку минути живот, пишува Дејли меил.

Мислејќи дека тоа ќе биде единствениот миг кога ќе може да го прегрне бебето, Кејти го замолила сопругот Дејвид да дојде до неа на креветот и заедно да го прегрнат.

bebe_2

Она што понатаму се случило за многумина претставува вистинско чудо!

Во прегратките на мајката, малото бебе почнало да се движи, а неговото дишење станало позасилено. Персоналот во болницата веднаш побрзал да му помогне на бебето и да го врати во живот.

decaaa_2

По пет години Џејми Ог е здраво и среќно дете. Тој расте заедно со неговата сестра близначка Ејми, која се родила само две минути по него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.