МОЌНА ФОТО ГАЛЕРИЈА: Дваесет и четврти марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Скопје

Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ го охрабри претседателот Ѓорге Иванов да не потклекнува на никакви притисоци и порача дека ниту еден дипломат, комесар или каков било претставник не може да дојде на половина ден и да наметнува свој интерес и своја агенда.

– Помина времето кога македонските граѓани се тресеа и се поклонуваа пред разно-разни западни емисари со сомнителни намери. Помина времето на понизно слушање диктати кои што секогаш завршувале со штета на Македонецот и на македонската држава. Помина времето бидејќи овој момент е историски, изјави Илиевски.

Јовица Тасевски порача дека овој народ е темелот на суверена независна и унитарна Македонија.

– Јавно ги прашуваме лидерите на неколкуте политички партии дали во Македонија нашите Албанци имаат целосно образование од основно преку средното па се до високото образование, дали имаат медиуми, дали имаат културни музеи, дали сите права им се загарантирани? Револтирани од ова ние се сплотивме против дискриминација на Македонците, изјави Тасевски.

Ристе Велков, првенец при МОБ, рече дека туѓата платформа го разбуди гласот кај Македонецот.

– Македонија имала, се уште има и ќе има синови и ќерки кои ќе ја сакаат и ќе ја чуваат. Македонија има горди и лојални граѓани кои знаат што значи зборот татковина. Затоа, мои горди Македонци, нема да дозволиме да бидеме врба без корен, изјави Велков.

На протестниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје се приклучи и група млади граѓани, кои со пораки „Од младите со срце за Македонија“, „Нема да ви помине“ и „И шмизлите се за Македонија“ покажаа дека се спротивставуваат на Тиранската платформа, и дека не сакаат да се менува уставниот карактер на Македонија.

8

9

1
4

5

6

7

8

9

10

11

12
14

2