среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 48

Моќна поука на првиот училишен ден, ја споделија повеќе од 720.000 мајки

Околу 270.000 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Македонија. На првиот училишен ден секој родител сака да ги подготви за она што ги очекува. Ејми Бет Гарднер од Тенеси на својата ќерка ноќта пред да ја испрати во школо и пренесе моќна поука, која подоцна повеќе од 720 илјади родители ја споделија на „Фејсбук“.

pasta

Поврзани вести

Околу 270.000 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Македонија. На првиот училишен ден секој родител сака да ги подготви за она што ги очекува. Ејми Бет Гарднер од Тенеси на својата ќерка ноќта пред да ја испрати во школо и пренесе моќна поука, која подоцна повеќе од 720 илјади родители ја споделија на „Фејсбук“.

„Мојата ќерка тргнува на училиште утре. Го уредивме нејзиното шкафче, купивме нова униформа, дури и ја изненадивме со нов ранец. Но, вечерва пред да легне, направивме уште една задача која е многу поважна од сите останати. И дадов паста за заб и и реков да ја истине цела туба во една чинија. Кога заврши, мирно ја замолив да ја врати целата паста назад во тубата. Таа почна да објаснува задачи како „Не можам“ и „Нема да биде како исто како што беше“. Ја почекав да заврши и тогаш и реков:

Ќе ја запомиш оваа чинија со паста за заби до крајот на твојот живот. Твоите зборови имаат моќ на живот или на смрт. Како што тргнуваш на училиште, ќе сфатиш колку тежина имаат твоите зборови. Ќе имаш можност да ги искористиш твоите зборови за да повредиш, понижиш, наклеветиш и навредиш другите. Но, исто така, ќе имаш можност да ги искористиш твоите зборови за да ги излекуваш, охрабриш, инспирираш и да ги сакаш другите. Понекогаш ќе го направиш погрешниот избор, јас можам да се сетам на три прилики во изминатата недела кога ги користев зборовите без размислување и предизвикав болка. Баш како оваа паста за заби, штом еднаш зборовите излезат од твојата уста, нема да можеш да ги вратиш назад. Користи ги твоите зборови внимателно, Бриона. Кога другите ги злоупотребуваат своите зборови, твоите чувај ги внимателно. Прави избор секое утро дека зборовите кои вдахнуваат живот ќе излегуваат од твојата уста. Вечерва одлучи дека ти ќе бидеш „вдахнувач, давач на живот“ во училиште. Биди позната по својата нежност и сочувство. Користи го твојот живот за да дадеш живот во свет на кој очајно му недостига тоа. Никогаш, баш никогаш, нема да зажалиш што си ја одбрала добрината“.

Најчитани вести