Моќни видеа од Часот на планетата земја во Македонија го обиколија светот

Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет.

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје, каква што само добија и Шпанија, Франција, Сингапур, Велика Британија, но и Македонија.

planeta-zemja-3-640x360

Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Над 66 локации потонаа во мрак за Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 3000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, УНДП Македонија и ЕВН, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

planeta-zemja-4 (1)

Во продолжение погледнете ги видеата кои заслужува да ги види цела Македонијa.

Here’s a throwback to the highlights at Macedonia (FYROM) #EarthHour 2016 😊 #ChangeClimateChange

A video posted by Earth Hour (@earthhourofficial) on