ВИДЕО: Молдавија – следната Украина

Парламентот на Молдавија го избра Павел Филип за нов премиер на земјата. Тој до пред извесно време беше дел од опозициската коалиција и силно ја поддржува интеграцијата на државата во Европската унија.

Според локалните медиуми, илјадници граѓани на Молдавија излегле на протест против одлуката Филип да седне во премиерската фотеља. Дел од демонстрантите се обиделе насила да влезат во молдавскиот парламент во главниот град Кишињев. Тие бараат предвремени избори, а новиот премиер го нарекуваат Јуда.

Претходната влада на оваа поранешна советска република, во која има голем процент на руско и на романско малцинство, беше соборена од власт од парламентот по голем корупциски скандал во банкарскиот сектор. Според досега објавените информации, се покажало дека од банкарскиот систем на Молдавија исчезнале околу една милијарда американски долари. За мала економија, како што е молдавската, ова е огромен удар.

Всушност тие пари изнесуваат околу 12,5 отсто од бруто домашниот производ на земјата.

Откако злоупотребите беа објавени во јавноста, молдавската валута изгуби од својата вредност и тоа доведе до големо осиромашување на и така сиромашното население во Молдавија.

Освен со Романија и со Украина, Молдавија граничи со т.н. Приднестровие – милитаризирана…