ВИДЕО: Молдавија – следната Украина

Освен со Романија и со Украина, Молдавија граничи со т.н. Приднестровие – милитаризирана руска енклава, која официјално е дел од територијата на земјата, но реално е управувана од самопрогласената Приднестровска молдавска република.

Од една страна интересите на Русија и на Романија, односно ЕУ, но причините за демонстрациите по се’ изгледа се поврзани повеќе со корупцијата во државата.

Павел Филип е поранешен министер за технологија, за кого е познато дека е во теснии врски со Владимир Плахотњук, еден од најголемите молдавски олигарси.

Минатата недела, молдавскиот претседател Николае Тимофти, одбил да го номинира Плахотњук за премиер и според демонстрантите, со изборот на Филип, само се заобикола таа пречка.

Официјално Филип објави дека ќе работи за воспоставување на тесни врски со Европската унија, но анкетите покажуваат дека довербата кон него во општеството е многу ниска.