Молотови коктели фрлени врз синагога во Шведска

Молотов коктел фрлен во тетовско кафуле
Молотов коктел фрлен во тетовско кафуле

Група маскирани напаѓачи во саботата вечер извршиле напад врз синагога во Гетеборг во Шведска.

Инцидентот се случил за време на протести против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. При нападот со молотови коктели нема повредени.

Според очевидви, пожарот избил во дворот на синагогата околу 22 часот откако пропалестиски демонстранти протестирале против одлуката на Трамп. Напаѓачите фрлале молотови коктели кон објектот, а еден паднал и пред друг објект во којшто се сместени студенти.