Момче и девојка од Македонија пронајдени починати на Кајмакчалан

Двајца планинари од Македонија доцна ноќта во саботата биле пронајдени починати на Кајмакчалан, од грчката страна на границата, а инфроамцијата во неделата утрото ја потврдија и од македонското министерство за внатрешни работи.

Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за младо момче и млада девојка, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.

Според грчкото планинарско друштво oд Меглен, тие биле на грчката страна од планината а нивните тела биле пронајдени на македонската страна.

На местото каде биле пронајдени имало спасувачки екипи и пожарникари, но теренот е недостапен.

Во неделата пожарникарите ќе се обидат со сите сили да ги извлечат двајцата Македонци.

Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни, со оглед на снегот и најавените бури.