вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Момче избодено во Градски парк

Момче со осум убоди од остар предмет заврши на Ургентниот центар, откако претходно бил нападнат од три непознати лица.

Krvav-noz-500

Последни вести

Момче со осум убоди од остар предмет заврши на Ургентниот центар, откако претходно бил нападнат од три непознати лица.

Утрово во 02.38 часот во полиција, Т.В. пријавила дека, кај фонтаната во Градскиот парк, им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош бидејќи бил повреден во грбот и многу крварел, а кој бил нападнат од три непознати  лица.

Како што информира МВР, по преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје.

Истиот бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (осум убоди од остар предмет во пределот на грбот).

Се преземаат  мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Најчитани вести