Момче нападното во работилница во Куманово

Четири лица во четвртокот сопладне нападнале 20-годишно момче во механичарска работилница на улицата „Христијан Карпош“ во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, четири лица, од кои Б.С, од село Ропаљце, оопштина Липково, А.Д. од село Черкезе и уште две непознати лица го нападнале 20-годишниот М.С, удирајќи го со рачка од секира по грбот. Момчето се здобило со телесни повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.