Момче од Кумановско застрелано со пиштол додека се движело пеш

Момче од кумановско заврши на скопските клиники, откако бил застрелан од пиштол додека се движел пеш.

Тој утрово околу 02,20 часот бил донесен Општата Болница Куманово со повреда од огнено оружје во пределот на левата надколеница.

Според кажувањето на А.Н.(26) од с.Никуштак-кумановско, повредата му била нанесена од страна на непознато лице, додека се движел пеш по патот село Никуштак-село Виштица.

Истиот поради карактерот на повредите со возило на ИМП бил пренесен во Клиничкиот Центар Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.