Момче од Сарај избодено со нож, се бори за живот

Едно лице е рането и се бори за живот.

На 09.07.2016 година околу 22:15 часот во с.Сарај-Скопје, во УО„Шеши“, дошле четири засега непознати лица од кои едно лице вооружено со пиштол, а друго со нож и по кратка вербална расправија со двајца гости во ресторанот, едно од лицата со ножот го избодел Р.Н. (1994) од с.Сарај-Скопје.

Тој веднаш со приватно возило бил пренесен во Клинички Центар-Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животно загрозувачка состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.