Момче од Врање почина додека вежбало во теретана

Осумнаесетгодишниот Немања Кициќ од Врање почина додека вежбал во третана.

Според информациите, на Немања му откажало срцето.  Тој при обидот да подигне тежина ја загубил свеста. Веднаш притрчале останатите момчиња кои вежбале. Повикале брза помош и момчето било префрлено во болница, но лекарите не успеале да го реанимираат.

Неговите родители денеска во обраќање до јавноста преку српските медиуми ги предупредуваат сите родители чии деца вежбаат да внимаваат какви препарати користат и дали се под надзор на стручни лица.