Момче се бори за живот откако со автомобил се заби во бетонски столб

На 18.02.2018 година околу 13.00 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот В.В. од село Вејце, тетовско, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски електричен столб.

Од ударот, возачот В.В. се здобил со повреди и со медицинско возило бил пренесен во тетовската клиничка болница.

Подоцна, поради сериозноста на повредите, В.В. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.