Навивач го нападна Новак Ѓоковиќ на терен (ВИДЕО)

Еден навивач се обиде да го прекине мечот полуфинале од завршниот турнир во Лондон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.

Овој навивач се симнал од трибината и тргнал кон тенисерот, но обезбедувањето веднаш реагираше. Мечот е прекинат за кратко, а потоа е продолжен.

Камерите набрзо го тргнале кадарот од инцидентот, но на момент фокусот на камерманот се вратил на тоа, па можела да се види гужвата во О2 арената.