понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 65

Момче спасено од давење во Охридско Езеро, се пренесува во Скопје

struga-1

Поврзани вести

Помладо машко лице чиј идентитет се уште не е познат е спасено од водите на Охридското Езеро.

Од СВР Охрид, за Курир потврдуваат дека машко лице е извлечено од водите на Охридско Езеро од професионални спасители на Црвениот крст.

Инцидентот се случил околу 16 част во Струга, помеѓу машката и женската плажа.

Момчето било реанимирано и во моментов се пренесува кон Скопје, но повеќе детали за неговата здравствено состојба не се познати.

Неофицијално, во близина каде е извадено машкото лице, се наоѓала и педалинка но полицијата допрва ќе утврдува дали истата е било како поврзана со инцидентот.

Најчитани вести