Момче усмртено со нож на Матка

Седуманесетгодишно момче е усмртено со нож во саботата во физичка пресметка којашто се случила на влезот од  кањонот Матка, близу Скопје.

Засега не се познати причините поради кои дошло до тепачката.

Од Министерството за внатрешни работи за Република изјавиле дека лице родено 1998 година при тепачката извадило нож и дирекно го прободело во пределот на градниот кош другото младо момче, родено 2000 година, по што нападнатото момче починало на самото место.

Во тек е истрага за случајот. На местото на настанот веднаш пристигнало возило на служабата за Брза помош, а присутни биле и припадници на полициската единица „Алфи“.

Според непотврдени сознанија, едно од момчињата во инцидентот кој се случил околу 15 часот, на 19-годишна, возраст е жител на селото Шишево, додека две години помладата жртва е од селото Сарај. Осомничениот е приведен во полициската станица Ѓорче Петров.