вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Момче застрелано во Бутел

Случајот во полиција бил пријавен од ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде момчето било донесено дури следиот ден околу 22 часот.

pistol-8-

Последни вести

Дваесет и едно годишниот А.Ј. во неделата вечерта бил застрелан пред основното училиште „Петар Здравковски Пенко“.

Случајот во полиција бил пријавен од ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде момчето било донесено дури следиот ден околу 22 часот. Лекарите констатирале дека А.Ј. има прострелна рана во пределот на левата потколеница и скршена коска, по што бил пратен на операција.

Момчето изјавило дека не знаел кој и зошто пукал во него.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести